
Фудбалскиот премиерлигаш Евертон сериозно размислува за отказ на актуелниот менаџер Рафаел Бенитез поради лошата игра на тимот во претходниот период.
Капката која ја прелеа чашата е дебаклот што го доживеа од градскиот ривал Ливерпул (1-4), а фановите го напуштаа „Гудисон парк“ по само 20 минути од натпреварот кога на семафорот стоеше 0-2.
Лошата форма на Евертон трае од средината на септември. Оттогаш забележаа само еден триумф, против Норич. Од последните седум натпревари, тие загубија дури шест.
Сето ова е сигнал за раководството на „карамелите“ да реагира и да го отпушти Рафа Бенитез. Раководството на Евертон доцна синоќа одржа состанок за да разговара за понатамошни потези, а големо прашање е дали Шпанецот ќе добие шанса да го води тимот против Арсенал викендов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
