
Новиот тренер на Џенова, Андриј Шевченко, ќе се обиде да доведе неколку играчи во претстојниот преоден рок, а на врвот на неговата листа е „отпишаната“ ѕвезда на Милан.
Џенова оваа сезона во Серија А се мачи со разочарувачки резултати кои ја принудија да го отпуштат тренерот Давиде Балардини и да го назначат Андриј Шевченко за негов наследник.
Најстариот италијански клуб моментно се наоѓа на 18. место на табелата во Серија А и итно има потреба од засилувања во зимскиот преоден рок за да опстане во елитниот ранг. Шевченко состави листа на потенцијални засилувања, а „отпишаната“ ѕвезда на Милан е на самиот врв на неговите желби.
Станува збор за шпанскиот офанзивец Саму Кастилјехо, кој оваа сезона е далеку од составот на „росонерите“. Тој забележа само три настапи во сите натпреварувања и многу веројатно е неговото заминување од „Сан Сиро“ во јануари.
Кастилјехо би бил совршено засилување за тимот на Шевченко и би имал многу поважна улога од сегашната во Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
