
Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“ во кариерата, а по доделувањето на наградата Аргентинецот приреди забава во близина на Ајфеловата кула, на која беа поканети соиграчите од ПСЖ со своите сопруги. На забавата не беа присутни единствено Мауро Икарди и Ванда Нара.
Аргентинските медиуми пишуваат дека Меси не им упатил покани на Икарди и на Нара.
„Икарди не беше поканет на прославата на „Златната топка“ на Меси“, открија медиумите во Аргентина, алудирајќи дека тие двајца не се во добри односи.
Икарди сепак им честиташе на колегите од ПСЖ. На Инстаграм објави честитка до Меси и до најдобриот светски голман според „Франс Фудбал“, Џанлуиџи Донарума.
Меси нема добро мислење за Икарди поради неговиот скандалозен начин на живот.
Икарди и Нара имаа големи брачни расправии. Во средината на октомври, Ванда го обвини својот сопруг дека ја изневерува објавувајќи на Инстаграм. Таа напиша: „Уште уште едно семејство што го уништи поради една курва“. По неколку турбулентни недели, двојката сепак се смири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
