Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА!

Вардар, со подмладен состав и без можност за засилувања поради казната од УЕФА, избришан од многумина пред стартот на шампионатот, сепак е тимот кој се издвои на домашната прволигашка сцена по првата етапа од сезоната 2019/2020.

Составот предводен од Александар Васоски покажа дека е повеќе од способен главно со свои млади сили, потпрен на потенцијалот од младинската школа, да дојде и до есенската титула. Токму затоа и добар дел поединци од црвено-црниот дрес се издвојуваат во Тимот на полусезоната во изборот на МАКФУДБАЛ.

Без сомнение, играч на полусеозната во Првата лига е Даниел Аврамовски кој враќајќи се на домашната фудбалска сцена веднаш го демонстрираше сиот свој квалитет. Во нападот на крилните позиции, заедно со Аврамовски, најдобри изминативе месеци и Љупче Дориев од Академија Пандев и Бесарт Ибраими од Шкендија.

Во средниот ред се издвои тројка која објективно го носеше целокупниот товар на играта на своите екипи. Искусниот Боби Божиновски од Македонија ЃП уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите креативци во лигата, Арменд Алими се издвои како мотор на Шкендија и младиот Али Адем кој веќе, со своите игри, е еден од најдобрите фудбалери на Вардар.

Во дефанзивата, на крилните позиции Бразилецот Реис Жуниор и Владица Брдаровски од Вардар, а на централните дефанзивни позиции одлични изданија изминатава есен демонстрираа Арбен Тафе од Струга Трим Лум и Марио Маслаќ од Академија Пандев. Четворката која е пред голманот на Силекс, Даниел Божиновски кој беше една од клучните фигури за успешните резултати на кратовци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови