Македонскиот прволигаш Работнички ќе одигра два тест натпревари во Македонија пред да замине на подготовки во Анталија на 27.јануари. „Романтичарите“ на 18.јануари ќе тестираат против прволигашот Борец, а седум дена подоцна составот на Ратко Достаниќ ќе одигра пријателски натпревар против Тиквеш.
Работнички стартуваше со работа во последните денови од 2019 година, а тренерот Ратко Достаниќ продолжува со реализација на планот за подготовки и во првата декада од јануари. Во Анталија тимот ќе престојува од 27.јануари до 7.февруари и ќе одигра неколку подготвителни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













