Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планирал да го спои Златан Ибрахимовиќ во нападот со Кристијано Роналдо, но на крајот се откажал од неговото доведување во „кралскиот клуб“ и Ибра останал во ПСЖ. Перез истакна дека очајно сакал да направи смртоносен тандем Ибрахимовиќ – Роналдо, но дека ароганцијата на Златан спречила се.
„Навистина сакав да го доведам Златан Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ. Мислев дека тогаш беше на исто ниво како Кристијано Роналдо“, открива Перез.
„Сакав да го спојам со Роналдо и да ја стопирам доминацијата на Барселона во Ла Лига, но како што напредуваа преговорите сфатив дека она што му е важно се парите, а не освојувањето трофеи“.
Шведскиот напаѓач побарал премногу пари. Тој сакал двојно поголема плата од Кристијано Роналдо.
„Тој сакаше двојно поголема плата од Кристијано Роналдо. На состанокот изгледаше како тој да дојде да потпише со мене, а не јас со него. Тој рече дека ќе преговараме само за неговите услови. Реков во ред, збогум. Тој е само еден обичен насилник“, изјави Перез.
Златан Ибрахимовиќ од 2012 до 2016 година го носеше дресот на ПСЖ, а потоа замина во Манчестер Јунајтед. По „црвените ѓаволи“ замина во МЛС – лигата каде играше за ЛА Галакси, а потоа минатата година се врати во тимот на Милан каде што настапуваше и претходно.
Во својата богата кариера играше и за Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и за Малме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













