Connect with us

Ереван „капут“ – дајте го Исланд (ФОТО)

Ереван капитулираше под нападите на Македонија. Немилосрден беше Енис Барди, серијата ја отвори Александар Трајковски, а рафално стрелаше и Милан Ристовски. Честитки заслужија сите, и тие што беа на теренот, и сите кои ја претставуваа Македонија на гостувањето во Ереван. За крај на денот, секако, победничкото селфи со порака – Ереван „капут“.

Исланд ни излезе во пресрет, може да се рече и дека „ни го врати тоа што го зеде“ во Рејкјавик, а не го заслужи.

Сега Македонија сама решава в недела за својата судбина и пласманот во мундијалскиот бараж. Дајте го Исланд!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови