Connect with us

Ете ја шансата: Ако го победиме Исланд – одиме во бараж!

Исланд успеа да извлече реми без голови против Романија во Букурешт и отвори нова шанса за Македонија да се избори за историски бараж за Светското првенство во Катар. В недела Исланѓаните гостуваат во Скопје и сега Македонија сама решава за својата судбина. Победа над Исланд ќе значи и второ место во групата во конечниот пласман и обезбедување бараж за мундијалот.

Ова момците на Благоја Милевски го заслужија по триумфот од 0-5 денеска против Ерменија во Ереван.

Романците беа најблиску до триумф во 85.минута, кога Јанис Хаџи го погоди дирекот од голот на Исланд.

Во последното коло, Македонија го пречекува Исланд, а Романија на домашен терен ќе игра против Лихтенштајн.

Германците вечерва го декласираа Лихтенштајн со 9-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови