Македонската фудбалска репрезентација со убедлив триумф се враќа од гостувањето кај Ерменија во претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.
„Важна победа за нас. Капитенската лента секако ми беше мотивација, но за мене сите сме капитени, сите сме одговорни во тоа што го даваме на теренот. Мотивација секогаш постои, и вечерва ми беше на високо ниво. Горд сум што сум дел од капитените во оваа селекција. Беа тука Горан, имавме и други големи играчи капитени. Од Горан научив многу“, изјави Барди.
Барди вели дека сека тимот мора да се фокусира на натпреварот со Исланд.
Долго време работиме со Милевски, знаеме што бара и каков карактер има. Сега со оваа победа сме среќни, само да продолжиме вака. Работата покажува со резултатот. Го знаеме многу добро Милевски, и само треба да продолжиме. Тој има победнички менталитет и тоа го покажува“, вели Барди кој рече дека сега фокусот репрезентацијата ќе го стави на мечот со Исланд и дека селекцијата ќе оди на второто место.
Последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство Македонија ќе го одигра в недела против Исланд во Скопје. Сепак, за обезбедување на второто место мора да се чека кикс на Романија или вечерва против Исланѓаните или в недела со Лихтенштајн.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski