
Енис Барди кој денеска со капитенската лента ја предводеше македонската фудбалска репрезентација до трумфот од 0-5 над Ерменија постигна хет-трик и влезе во друштвото на неколкумина фудбалери на кои ова им успеало во дресот на националниот тим.
26-годишниот Барди така влезе во друштво на Бошко Ѓуровски (1994, против Кипар), Дејви Главевски (1996, против Лихтенштајн), Артим Шаќири (2002, против БиХ) и Александар Трајковски (2012, против Црна Гора) кои се единствени со три гола на меч во дресот на Македонија.
Барди со трите гола против Ерменците дојде до бројката од девет гола за Македонија и влезе меѓу најдобрите десет стрелци во историјата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
