Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ја пофали играта на неговите избраници кои вечерва во Ереван ја декласираа Ерменија со 0-5.
„Никој освен нас самите не веруваше дека по поразот во Скопје од Германија со 0-4, ќе се вратиме на ваков начин и дека ќе победиме во Ереван. Моите фудбалери покажаа дека располагаат со голем потенцијал и заслужуваат честитки. Критиките, посебно ако се добронамерни ни помагаат, во спротивно уште повеќе не мотивираат. Одиме понатаму, ни следува Исланд на домашен терен и сите мисли ни се насочени на тој меч“, истакна Милевски на прес-конференцијата по вечерашниот натпревар со Ерменија.
Македонската репрезентација по вечерашната победа ги задржа шансите за пласман во баражот за Светското првенство 2022. Сега е клучно Романија да „киксне“ барем еднаш во двата квалификациски меча до крајот на циклусот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













