Работнички го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок, информира клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Српскиот интернационалец Бранислав Трајковиќ ја засилува одбраната на тимот за вториот дел од сезоната во македонскиот шампионат. Тој потпиша договор на една година.
Трајковиќ неколку дена веќе тренира со Работнички и се подготвува со екипата за пролетниот дел од првенството.
Бранислав Трајковиќ (30) игра на стоперската позиција, негов последен клуб е белорускиот Ислох, а во кариерата играл и за српските клубови Партизан, Војводина, Земун, Хајдук Кула, Раднички Сомбор.
Работнички в сабота ќе го одигра и првиот пријателски натпревар, во Велес против прволигашот Борец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski