Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) и гостува на Ерменија во Ереван во претпоследниот натпревар од квалификациите за СП 2022 во Катар. Бевме во одлична позиција по триумфот над Германците во Дуисбург, но сега очајно ни е потребна победа за да ги задржиме шансите за пласман во мундијалскиот бараж. Напроти ова е традицијата, Македонија нема победа на последните три гостувања во Ереван.
Сепак, селекторот Благоја Милевски вели дека шансите на Ерменија и на Македонија за пласман во баражот се подеднакви.
„Мислам дека Ерменија и Македонија имаат подеднакви шанси за пласман во баражот. На првиот меч во Скопје, ние доминиравме во поле, но, не успеавме да постигнеме погодок. Ќе се потрудиме тоа да го сториме во Ереван. Имаме проблеми со повредите, ги немаме Адеми, Јаховиќ, Ракип, претходно го немавме Барди, нема да игра и Стефан Ристовски. Но, тоа нема да не поколеба да одиграме најдобро што знаеме и да се обидеме да стигнеме до посакуваното второ место во групата“, изјави Благоја Милевски.
Концентрацијата би можела да биде клучен фактор на утрешниот меч против Ерменија против Ереван.
„Мора да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, концентрацијата може да биде клучен фактор. Треба да бидеме будни во секој момент од натпреварот. Ќе дадеме се што е во нашите можности за да оствариме успех“, дополнува селекторот на македонскиот национален тим.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија е закажан за утре, со почеток 18 часот, на Националниот стадион во Ереван.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski