
Ниту огромно богатство не им помага на сопствениците на Њукасл да го добијат новиот тренер што го сакаат, а веќе беа одбиени од неколку големи имиња и се очекува да го именуваат Еди Хау. Најново е дека клубот доби „корпа“ и од функцијата спортски директор.
Следниот чекор што сакаат да го направат саудиските сопственици е да доведат реномиран спортски директор, а и тука го доживеаја првото одбивање. Њукасл сакал да го доведе Марк Овермарс, но добил негативен одговор.
Поранешниот легендарен фудбалер моментно ја извршува функцијата спортски директор на Ајакс. 48-годишниот фудбалер е на таа позиција од 2012 година, на сите им е јасно дека одлично си ја врши работата, а Саудијците се надеваа дека тој може да им помогне да го издигнат клубот.
Сепак, Овермарс реши да остане во Ајакс откако челниците на клубот од Амстердам му кажаа дека е неопходен за понатамошен развој на клубот. Холанѓанецот беше во контакт со Њукасл и несомнено беше нивна прва желба за улогата на спортски директор, но сега „чавките“ ќе мораат да најдат друго решение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
