
Македонските репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2022.
Фудбалерот на Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Коњаспор од турското првенство.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата.
Денеска напладне часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
