
Се чини дека драмата меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара заврши, но приказната продолжува со нови поглавја. Ванда веќе потврди дека сопружниците се смириле откако напаѓачот на Пари Сен Жермен и напишал писмо, за кое вели дека е причината поради која му простила и одлучила да му даде уште една шанса.
“Уште еднаш ти покажав дека сум во право. Никогаш не те лажав ниту измислував, само направив голема грешка. Ти реков да побараш развод, но тоа е најлошото нешто што можеше да ми се случи. Јас сум добар човек и ти дадов сè. Го знаеш тоа, сите го знаат. Јас сум одличен татко, го давам животот за моите ќерки и горд сум на тоа. Јас сум одличен очув, исто така, и од првата минута го посветив мојот живот за тие деца да ги направам среќни. Не ми треба никој да го каже тоа, затоа што го знам.
„Како резултат на сето ова, не можам да продолжам да го трпам твоето малтретирање, занемарување, и лошо однесување кон мене. Не го заслужувам тоа. Се надевам дека ќе бидеш задоволна со твоите материјални работи. Се надевам дека следниот фудбалер ќе ти значи барем еден процент од тоа што ти значев јас. Уништи сè поради некој разговор што не ми значеше ништо. Ти си слепа и не гледаш подалеку од телефонот. Само сакаш да испражаш глупости на медиумите. Никогаш не го очекував тоа од тебе, но јас сум реален и знам дека луѓето се менуваат.
“Ти благодарам за сè што бевме. Ти благодарам за двете ќерки што ми ги подари. Ти благодарам што ми даваше поддршка кога ми требаше и извини што бев таков каков што бев, и што изгубив се поради една грешка. Се надевам дека си среќна, го заслужуваш тоа, дури и ако не е покрај мене”, се вели во писмото, што го обелодени во јавност, аргентинската новинарка, Јанина Латоре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
