Шкендија надмоќно се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија откако во тетовското градско дерби ја декласираше Ренова со 5-0. Мерџани го отвори резултатот, Шала зголеми на 2-0, а Хебај го постигна третиот гол. Пред самиот истек на првиот дел Шала со својот втор гол најави дебакл за Ренова, а Хебај го постави конечниот епилог.
Шкупи исто така е во четвртфиналето откако минимално славеше со 1-0 на домашен терен на Чаир против Тиквеш со голот на Матеј Цветаноски во 30.минута од дуелот.
Брегалница го совлада Охрид со 4-0. Ѓокиќ донесе предност за штипјани, потоа Цветаноски си постигна комичен автогол, Кудијан го постигна третиот гол, а конечните 4-0 ги постави Мартин Стојанов.
Силекс ја совлада Беласица на гости со 2-4 и се пласира во четвртфиналето.
Струга ТЛ и Борец повторно одиграа 1-1, а после изведување пенали во следната рунда одат стружани (5-4).
Академија Пандев и Македонија ЃП ремизираа 1-1, а подобри изведувачи на пенали беа фудбалерите на гостинскиот тим (4-5).
Пелистер и Работнички одиграа без голови, исто како и Вардар и Скопје. По ударите од 11 метри во четвртфиналето се пласираа Пелистер (5-4) и Вардар (4-2).
КУП на МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 4-5 по изведување пенали, (1-1)
Брегалница – Охрид 4-0
Пелистер – Работнички 5-4 по изведување пенали, (0-0)
Шкендија – Ренова 5-0
Шкупи – Тиквеш 1-0
Струга Трим Љум – Борец 5-4 по изведување пенали, (1-1)
Вардар – Скопје 4-2 по изведување пенали. (0-0)
Беласица – Силекс 2-4
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal