Работнички гостува „под Тумбе кафе“ и ќе ги одмери силите со Пелистер во осминафиналето на Купот на Македонија. Голманот Бурхан Мустафа верува дека тимот ќе се прикаже добро издание и дека ќе успее да избори пласман во следната рунда од најмасовното фудбалско натпреварување. „Романтичарите“ сакаат да се вратат во победнички ритам откако доживеаја пораз на домашен терен од Скопје во последното првенствено коло.
„Го респектираме Пелистер, тоа е квалитетен тим и моментната ситуација на табелата не го отсликува реално нивниот капацитет. Ние се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и посакуваме пласман во следната рунда од Купот на Македонија. Ова се специфични натпревари, нема можност за поправен и затоа мора да бидеме максимално внимателни и грешките да ги сведеме на минимум“, вели Бурхан Мустафа.
На останатите натпревари во осминафиналето на Купот се среќаваат: Шкендија – Ренова, Струга ТЛ – Борец, А.Пандев – Македонија ЃП, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Шкупи – Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













