Македонскиот интернационалец Иван Тричковски и оваа сезона игра фантастично во дресот на АЕК Ларнака на Кипар, а овој феномен најдобро го објасни неговиот поранешен соиграч Паникос Спиру во емисијата „Супер понеделник“.
Меѓудругото, Спиру се осврна на начинот на кој Иван Тричковски тренирал отсекогаш.
„Тој никогаш не престанува да работи, тој е Роналдо од Кипар. Тренираше по 4-5 часа дневно. Натпреварот завршува, а тој следниот ден можеше да се види како трча по тротоарите. Затоа и на оваа возраст тој е првото име на Кипар. Јас секогаш работев напорно на тренинзите, но тој работеше повеќе од мене. Тој играше 90 минути, а следниот ден повторно одеше на тренинзи. Тој секогаш беше пример за останатите и се уште е таков. Затоа е најдобар“, изјави Паникос Спиру за Иван Тричковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski