
Милан Басрак е нов член на Академија Пандев, откако струмичкиот прволигаш денеска потпиша договор со 25-годишниот швајцарски интернационалец, кој има српско потекло. „Пандевци“ ставија акцент на засилување на нападот во текот на овој преоден рок, па ну Ндуе Мујеци го комплетираа и трансферот на Басрак, кој пристигна од таборот на Смедерево. Новиот фудбалер на Академија Пандев, кој е роден во Сент Гален, претходно има настапувано и за Партизани, Катанцаро, Татран Прешов и Напредак Крушевац.
Воедно, управата на Академија Пандев објави дека даде зелено светло за заминувањето на младиот голгетер Марио Крстевски, кој до крајот на сезонава како позајмен играч ќе го носи дресот на Работнички.
Академија Пандев по досегашните 18 одиграни кола се наоѓа на третото место на табелата со 27 бода, зад Вардар (36) и Шкендија (28). Во првото коло од продолжението од сезоната „пандевци“ следниот викенд ќе ја пречекаат Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
