Шкупи продолжува со засилувањата и непосредно пред стартот на вториот дел од сезонава, откако денеска беше комплетиран ангажманот на Канберк Јурдакул, 18-годишен турски голман кој пристигнува од екипата на Бурсаспор.
Јурдакул важи за еден од најталентираните млади голмани во Турција, член на У19 селекцијата на оваа земја. Стручниот штаб на Бурса поради младоста не смета сериозно на Јурдакул до крајот на сезонава, поради што било дадено зелено светло за тој да пристигне во Македонија во обид да собере неопходно искуство.
Тој веќе одработел еден тренинг во новиот клуб, по што била донесена одлука Јурдакул да остане на „Чаир“ и да му помогне на тимот во вториот дел од сезонава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal