Беласица со победа над Скопје (3-2) го затвори второто коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и ја впиша својата прва победа оваа сезона.
Натпреварот, одигран под рефлектори, понуди вистинска голеада со вкупно пет погодоци. Во првиот дел водство стекнаа гостите – по падот на Иса Армир во шеснаесетникот, судијата Фуркан Идризи досуди пенал, а Горјан Цветков сигурно реализираше за 0-1.
Сепак, радоста на „пиратите“ траеше кратко. По еден центаршут на Капсаров, со удар со глава израмни Дебрешлиоски, па на пауза се замина со резултат 1-1.
Во второто полувреме Беласица беше поефикасна и со два гола поведе со 3-1 – автогол постигна Дино Најдоски, а стрелец беше и Костадин Капсаров, кој претходно асистираше за првиот погодок. До крајот, Скопје успеа само да го ублажи поразот на „Благој Истатов“, поставувајќи го конечниот резултат 3-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













