Косово започна преговори со поранешната голема фудбалска ѕвезда на Бразил, Роберто Карлос откако го отпушти поранешниот тренер, Бернард Шаландс. Косовската фудбалска федерација веќе е во преговори со бразилскиот гигант Роберт Карлос, тврдат косовските медиуми.
Ова ќе биде прв тренерски ангажман на пензиониран лев бек по долга пауза. Последниот тим што го водеше беше индискиот Делхи Динамос во 2015 година. Сепак, судејќи според коментарите на Твитер, не сите во Косово се воодушевени од новата вест.
Имено, навивачите на косовската репрезентација го напаѓаат претседателот на Фудбалскиот сојуз, Агим Адеми, бидејќи Карлос нема богата биографија. Пред шестгодишната пауза и ангажманот во Индија, 48-годишниот стратег накратко ги водеше турските клубови Сиваспор (2013-2014) и Акисарспор во 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal