Во ноември ќе завршат европските квалификации за Светското првенство во фудбал, чиј домаќин ќе биде Катар, следната година. Планетарната куќа на фудбалот ја разгледува идејата Светското првенство да се игра на секои две години.
Во јавноста протече документ, досега непознат, според кој ФИФА, само седум дена пред шампионатот во Катар, ќе им овозможи на клубовите да ги пуштат своите играчи во националните тимови.
Оваа одлука е преседан, имајќи предвид дека Светското првенство е на средината на сезоната, што не им одговара на репрезентациите. Тие ќе имаат само седум дена можност да се подготвуваат пред почетокот на мундијалот.
Светското првенство ќе се игра од 21 ноември до 18 декември 2022 година во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













