
Шкендија ремизираше без голови против Силекс и ја зголеми негативата на десет бода во однос на лидерот Вардар. Нападот на Шкендија не беше расположен за погодоци, иако шанси имаа Бесарт Ибраими и Агим Ибраими. Но, одбраната на кратовскиот прволигаш успеа да одолее на предизвикот.
Давид Тошевски е херојот на Работнички. Младиот напаѓач со два гола во второто полувреме донесе пресврт и триумф од 2-1 за „романтичарите“ на дуелот со Шкупи. Бесар Исени од пенал во 39.минута донесе водство за тимот од Чаир, но Тошевски израмни во 59.минута, а потоа во 77.минута постигна и победнички погодок. Во завршницата, и Работнички и Шкупи останаа со играч помалку поради исклучувањата на Милош Тошевски и на Сухељ Мухарем.
Македонија ЃП со гол од пенал во 100.минута што го реализира Дејан Блажевски славеше против Академија Пандев со 1-0, но дуелот ќе остане запаметен по неверојатниот момент во 66.минута, кога Стефан Костов играше со две топки на теренот. Едната ја имаше во раце и со неа ја удри топката по која трчаше во дуел со противнички фудбалер. За тоа заработи црвен картон, а неговите соиграчи негодуваа на судиската одлука.
Ренова со 2-0 го совлада составот на Струга Трим Лум во Тетово. Бојан Миовски донесе водство за „гипсарите“ во 26.минута. Домашниот тим го осигура триумфот со погодокот на Флоријан Кадриу во 57.минута од дуелот.
ПРВА ЛИГА, 20. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 2-0
ВЧЕРА: БОРЕЦ – ВАРДАР 0-1
Табела: Вардар 42, Шкендија 32, Силекс 31, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 27, Шкупи 25, Струга ТЛ 24, Ренова 22, Работнички 21, Борец 20.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
