Академија Пандев не успеа да го победи последнопласираниот Борец на домашен терен, ремизираше без голови, резултат што придонесе тренерот Југослав тренчовски да поднесе оставка. Претходно, Академија Пандев нанижа и неколку порази во низа.
„Тимот влезе во апатија, ова морав да го сторам од морални причини. Резултатите не се според очекувањата, а во таква ситуација секогаш заминува тренерот. Тимот влезе во апатија и мора некако да се врати во колосек, се надевам дека промената на шефот на стручниот штаб ќе биде решението“, изјави Југослав Тренчовски.
Академија Пандев в среда го очекува куп-дуел и ќе треба брзо да именува нов тренер. Можно решение е Шефки Арифовски кој е дел од клубот, а се споменуваат и Жикица Тасевски, Јане Николоски, Александар Таневски како имиња кои исто така би можеле да го наследат Тренчовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













