
Српскиот стратег Владан Милојевиќ се очекува повторно да седне на клупата на Ал Ахли. Милојевиќ беше еден од тренерите кој го предводеше саудискиот тим за време на претходната, 2020/21 сезона. Но по само шест месеци поминати таму, одлучи да потпише 2-годишен договор со грчкиот клуб, АЕК Атина.
Оваа “авантура” на Србинот заврши порано од очекуваното, па тој го раскина договорот со АЕК, а медиумите во Саудиска Арабија веруваат дека тој е на чекор до повторно преземање на клубот од Џеда. Милојевиќ најмногу се прослави како тренер на Црвена Звезда во периодот од 2017 до 2019 година, а со српскиот клуб, успеа да обезбеди и учество во Лигата на шампиони.
Доколку 51-годишниот тренер одлучи да се врати во својата поранешна средина, ќе му стане предводник на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Познато, нашиот Алиоски го напушти премиерлигашот Лидс како слободен агент ова лето, а веќе во јули, беше промовиран како нов член на Ал Ахли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski