
Тринаесетгодишниот Аксел Кеи синоќа влезе во историјата на светскиот фудбал. Тој стана најмладиот професионалец во американската фудбалска лига откако доби шанса да заигра за Реал Монархс против Колорадо Спрингс.
Кеи доби шанса да игра во 61. минута од натпреварот, а на своето деби имаше 13 години, девет месеци и девет дена.
13-годишникот минатата сезона се истакна во Реал Солт Лејк У15 – тимот. Одлучено е од оваа година да биде дел од Реал монарси во втората дивизија на американскиот фудбал, а клубот покажа дека на него сериозно се смета во иднина.
Претходно, рекордот како најмлад професионалец го држеше славниот Фреди Аду, кој имаше 14 години кога играше за ДЦ Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
