
Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за дуелите против Лихтенштајн и против Германија, дел од октомвриската сесија во квалификациите за СП.
Фокусот, секако, е кон првиот меч со Лихтенштајн, а напаѓачот Милан Ристовски истакна дека тоа е многу значаен меч за националниот тим.
„Натпреварот против Лихтенштајн е многу значаен за нас. Ако победиме на тој меч ќе влеземе со позитивна атмосфера на дуелот со Германија. Секој натпревар е тежок, нема лесни и тешки ривали. Наше е да го дадеме максимумот и се надевам дека ќе оствариме добар резултат“, изјави Ристовски.
Македонија ќе игра против Лихтенштајн во Вадуц на 8 октомври, а потоа ќе ја пречека Германија во Скопје три дена подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
