
Се појасно е дека Вардар е веќе блиску до нова шампионска титула. Црвено-црните славеа против Струга ТЛ а искористувајќи го новиот пораз на Шкендија, за издвојување на +11 бода. Интересна, во секој случај, ќе биде битката за опстанок. Екипите кои се борат за опстанок лесно може да се доведат и во ситуација за борба за европски излез.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 23. коло во Првата лига.
1. ХАДИС ВЕЛИИ (РЕНОВА)
Повторно еден од клучните за трите бода на „гипсарите“ во Струмица. Сигурен на голот, внесува сигурност и во одбраната, неколку убави интервенции спречувајќи погодок на домашните.
2. БАШКИМ ВЕЛИЈА (РЕНОВА)
Квалитетен натпревар одбележан и со прекрасен погодок кој донесе три бода за Ренова.
3. ФИЛИП ТРАЈАНОВСКИ (БОРЕЦ)
Максимално сигурен во одбраната на велешани која одигра важна улога во триумфот на гостувањето против Македонија ЃП.
4. ЕВГЕНИЈ НОВАК (ВАРДАР)
Клучната фигура во вардаровиот табор. Покрај сигурната игра во одбраната, стрелец и на единствениот гол за три бода на Вардар против Струга ТЛ.
5. СЕБАСТИЈАН ХЕРЕРА (РАБОТНИЧКИ)
Нова одлична партија на Херера. Постојано опасен од прекините на својот тим, а го изведе и корнерот по кој следеше погодокот за победа на дербито со Шкендија.
6. ИВАН ИВАНОВСКИ (СИЛЕКС)
Во континуитет реди квалитетни партии за својот тим. Постигна убав погодок со глава за бод од гостувањето против Шкупи.
7. ПЕТАР ПЕТКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Еден од најзабележливите на теренот во дерби пресметката во Тетово. Максимално активен во средниот ред и нападот на својот тим.
8. СТЕФАН ЈЕВТОСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Повторно еден од најцврстите во средниот ред на Работнички, без грешка со максимален трк и борба одигран натпревар.
9. ДАРИО ДЕСНИЌ (БОРЕЦ)
Офанзивецот на Борец со погодок ја заокружи својата игра во Ѓорче Петров за максимално значајна победа на својот тим.
10. ДЕМБО ДАРБОЕ (ШКУПИ)
Одигра добар натпревар за Шкупи, постигнувајќи и убав погодок во ремито со Силекс.
11. НИКОЛА РАДОВИЌ (БОРЕЦ)
Продолжува со одличната гол-форма. По двата гола на претходниот дуел со Шкендија, повторно стрелец сега и во триумфот над Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
