
Шкендија се вклучи во помагањето на медицинските установи ширум Македонија, во нивната борба за време на епидемијата од коронавирус што владее во нашата земја. Тројца првотимци на „црвено-црните“, Мевлан Мурати, Енур Тотре и Омар Имери, денеска се појавија во тетовската болница, предавајќи ја хуманитарната помош што раководството на клубот од Тетово ја обезбеди за оваа установа.
„Шкендија е клуб на народот, големата поддршка од луѓето секогаш му давала дополнителна сила на нашиот клуб. Во овие моменти на пандемија од Ковид-19, наша обврска е да бидеме со народот. Покрај индивидуалните донации што нашите фудбалери ги обезбедуваат, сакавме на оној начин да им помогнеме на медицинските лица, кои им помагаат на сите оние кои се борат со коронавирусот“, изјави Мурати.
ФК Шкендија ја искористи можноста да им посака на сите заболени од Ковид-19 што побрзо оздравување, со надеж дека сите наскоро ќе можеме да се вратиме на условите на нормално живеење.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
