Најтрофејниот фудбалер на светот, Дани Алвеш, нема да се пензионира, туку ќе ја продолжи успешната кариера. По паузата од Сао Паоло, легендарниот Бразилец сака да остане во фудбалот за да биде во конкуренција за следното Светско првенство, а дури потоа планира повлекување.
Новиот клуб треба да биде Флуминенсе кој му испратил понуда, а во Бразил велат дека поранешниот фудбалер на Барселона ќе ја прифати.
Алвеш има 38 години, започна во Баија, но отиде во Европа многу рано. По Севилја, Барса, ПСЖ и Јувентус, тој се врати во татковината, но Сао Паоло не му понуди нов договор, иако ја освоија Паулиста.
Флуминенсе има помали амбиции, а веќе имаат неколку ветерани, како напаѓачот Фред, потоа Парагваецот Бобадиља, Уругваецот Абел Хернандез. Сигурно дека и Дани Алвеш би бил засилување за овој тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski