
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повторно упати критики кон ФИФА и УЕФА, вклучувајќи ја и ФА на Англија за збиениот распоред на натпревари во сезоната. Тој вели дека фудбалерите не можат да ја издржат сезоната, а се во фудбалот е насочено само кон парите.
„Не постои спорт во светот што има таков немилосрден календар. Има и други во кои натпреварите се збиени, но има помалку трчање, а потоа ве чека пауза од неколку месеци”, вели Клоп.
„Фудбалот е тежок спорт и треба добро да размислиме за тоа. Знаеме зошто го прават тоа, бидејќи се се врти околу нивните пари. Во фудбалот денеска се важни само парите. Вистина, ние исто така добиваме големи суми пари, но ние треба да се грижиме и за другите работи не само за парите“.
Клоп имаше многу проблеми со повредите во тимот минатата сезона. Тоа Ливерпул го чинеше да има турбулентна сезона, а Германецот потенцира дека 50 натпревари во една сезона на професионално ниво се премногу за еден фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
