Стратегот на Рома, Жозе Мурињо (58) утре против Сасуоло ќе прослави голем јубилеј. Тој ќе го забележи 1000. натпревар во својата тренерска кариера и со тоа ќе стане само 33. тренер во модерната ера на европскиот фудбал што ја достигнал таа бројка.
На врвот е легендарниот Сер Алекс Фергусон со 2155 натпревари, а потоа Французинот Арсен Венгер со 1701 натпревари.
За време на тренерската кариера, Мурињо тренираше девет европски тимови во четири лиги, Бенфика, Униао де Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.
Еден од најуспешните тренери во светот освои 25 трофеи, Лигата на шампионите со два различни клуба, со Порто (2004) и Интер (2010).
„Ми претставува огромно задоволство да ја достигнам бројката од 1000 натпревари, но во исто време секогаш во мојата природа е да се радувам на следниот натпревар и да не уживам во спомените од игрите зад мене“, изјави Португалецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













