Фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ, ќе отсуствува десет дена поради повреда на скочниот зглоб, објави денеска лондонскиот клуб. Пулишиќ се повреди во средата додека играше за репрезентацијата на САД против Хондурас (4-1), во квалификациите за Светското првенство.
„За жал, тој вчера пристигна со помош на патерици. Има повреда на скочниот зглоб и ќе отсуствува околу 10 дена”, изјави тренерот на Челси, Томас Тухел.
Пулишиќ ќе ги пропушти натпреварите против Астон Вила и Тотенхем во Премиер – лигата, како и дуелот против Зенит во Лигата на шампионите.
Американскиот фудбалер се опорави од коронавирусот пред да замине во националниот тим, и за тоа време ги пропушти натпреварите против Арсенал и Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal