Кристијано Роналдо го изненадил раководството на Јувентус со барањето да замине од Торино откако сезоната веќе беше почната. Имаше постојани шпекулации дека тој би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб, но никој не очекуваше дека Португалецот ќе ги напушти редовите на „старата дама“ на самиот крај на летниот преоден рок.
Директорот на Јувентус, Федерико Черубини, призна дека биле изненадени во клубот кога Роналдо изјавил дека сака да си замине.
„Тој не изненади затоа што не очекувавме дека ќе си замине бидејќи сезоната веќе започна. Тој побара состанок и јасно ни кажа дека сака веднаш да го напушти клубот, што не можевме да го спречиме“, изјави Черубини.
Јувентус немаше многу време за да ангажира нови играчи, а единствениот кој потоа се приклучи на тимот е Моисе Кин, кој дојде од Евертон.
„Веднаш го донесовме Кин од Евертон, но сакам да нагласам дека тој не е замена за Роналдо, туку дел од новиот проект на клубот со цел освојување на трофејот во Италија“, заклучи Черубини.
Роналдо првично беше поврзан со трансфер во Манчестер Сити, но имаше пресврт и на крајот се врати во Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













