Францускиот интернационалец Кингсли Коман заминува од Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Негова следна дестинација повторно треба да биде Серија А.
Според германските медиуми, Баерн Минхен ќе остане без голема ѕвезда на крајот од оваа сезона. Имено, Кингсли се уште бара зголемување на платата, иако заработува 8 милиони евра по сезона.
Договорот на Коман истекува летото 2023 година и тој нема намера да ја продолжи соработката доколку не му биде понуден поголем договор. А немаат намера да го прават тоа во Минхен.
Коман, кој неодамна го прослави својот 25. роденден, се поврзува со неколку европски великани, вклучувајќи ги Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ, Јувентус…
Коман својата професионална фудбалска кариера ја започна во редовите на ПСЖ, од каде премина во Јувентус, а потоа летото 2015 година се пресели во Баерн Минхен за 28 милиони евра. Токму оваа сума Јувентус е подготвен да им ја понуди повторно на баварците за откуп на францускиот фудбалер.
Се тврди дека му подготвиле нето 12 милиони евра во Торино, а тоа е токму платата што Коман ја бара од Баерн Минхен. Комплетната работа треба да се реализира следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













