Манчестер Јунајтед го чека дебито на Кристијано Роналдо, останува да се види дали ќе биде во тимот против Њукасл, или можеби ќе ја почека Лигата на шампионите. Сепак, не е се така идеално на „Олд Трафорд“, затоа што другиот Португалец Бруно Фернандеш не успева да се договори со клубот за нов договор.
Тој е во клубот година и пол, Манчестер Јунајтед му нуди 18 милиони по сезона, но неговиот агент Мигел Пињо побара во договорот да биде вклучена клаузула за откуп на договорот.
Сомнежите се дека следната цел на Бруно Фернандеш е да игра во Ла Лига и дека е насочен кон трансфер во Реал Мадрид или во Барселона во следните неколку години. Сепак, раководството на англискиот клуб му порачало на Португалецот да не размислува за тоа. Неговиот актуелен договор со Манчестер Јунајтед има важност уште три и пол години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













