
Дисциплинската комисија на француската Лига 1 строго ги казни актерите на немирите од натпреварот Ница – Марсеј. Дуелот од третото коло на францускиот шампионат, кој се одигра на 22 август, беше прекинат во 74. минута по вистинскиот хаос предизвикан од навивачите на Ница.
Тие го нападнаа фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје. Беше удрен со шише во грбот, а настана вистински хаос кога тој возврати со фрлање на шишето на трибините.
Фановите потоа ја прескокнаа оградата и тргнаа да ги одмерат силите со Паје. Се вклучија и другите играчи и имаше големи нереди поради кои натпреварот беше прекинат.
Дисциплинската комисија на француската лига донесе строги казни, а најлошо помина домаќинот, тимот на Ница.
На Ница и се одземени два бода, следните три натпревари ќе мора да ги игра пред празни трибини, а натпреварот ќе биде преигран на неутрален терен. Со оглед дека Ница имаше и водство од 1-0 до моментот на прекинот, јасно е дека овој тим го извлече најдебелиот крај. Но, сепак, е и организатор на мечот.
Физиотерапевтот на Олимпик Марсеј, Пабло Фернандез, кој беше снимен како удира навивач, е суспендиран до крајот на сезоната, а казнети се и играчите на Олимпик Марсеј, Димитри Паје и Алваро Гонзалес. Паје доби еден натпревар суспензија, а неговиот соиграч Алваро Гонзалес ќе паузира два натпревари, бидејќи е докажано дека ги испровоцирал домашните навивачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул
