Фудбалската репрезентација на Англија одигра 1-1 против Полска во квалификациите за СП, а англискиот селектор Герет Саутгејт се најде на удар на јавноста бидејќи не направил ниедна замена во текот на мечот. Тоа е потег каков англиската репрезентација не памети 25 години, од полуфиналето на Европското првенство против Германија.
Одлука на Саутгејт е особено изненадувачка ако се знае дека правилата се сменија и сега селекторите можат да направат пет замени, пишуваат медиумите на Островот.
„Знам дека мојата одлука ќе биде доведена во прашање, но има јасна причина зошто ја донесов. Бевме доминантни, ја контролиравме играта и мислев дека промените можат да го нарушат нашиот ритам “, изјави Саутгејт.
Сепак, Англија прими гол во судиското продолжение, а Полјаците ги направија сите пет замени освежувајќи го тимот.
Англискиот селектор откри и дека сакал да направи замени, но се премислил по водечкиот гол на Кејн во 72. минута.
„Зошто да смениме нешто кога тоа го правиме добро? – се прашуваше Саутгејт по натпреварот.
И по ова реми, Англичаните се сигурни на првото место на табелата во квалификациската група со четири бода предност во однос на Албанија и пет бода повеќе од Полска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













