Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, верува дека не е се завршен проектот за Суперлигата, која не успеа да заживее по големите критики од јавноста.
„Проектот Суперлига е жив. Три клуба останаа силни и во деликатна ситуација. Освоивме се на суд. УЕФА не може да направи ништо за да ја запре Суперлигата. Многу клубови ни велат дека мора да продолжиме. Санкциите против англиските клубови немаа ефект. Англиските клубови како Манчестер јунајтед и Ливерпул беа движечката сила зад проектот, но тие беа под голем притисок. Да, можевме подобро да го претставиме проектот, но во реалноста тој ни одговара на сите нас. Форматот на турнирот ќе биде најатрактивен во светот и ќе им користи на клубовите. Она што треба да го подобриме е учеството за заслуги на клубовите“, изјави Лапорта.
Барселона, Реал Мадрид и Јувентус претходно изјавија дека остануваат посветени на проектот за Европска Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













