
Италијанскиот првак Интер го пронајде наследникот на Самир Хандановиќ. Словенечкиот интернационалец има 37 години и полека, но сигурно ќе мора да се повлече од голманската позиција во Интер, а „нероаѕурите“ донесоа одлука негов наследник да биде Андре Онана.
Голманот на Ајакс ја одработува суспензија поради допинг – тест, но набрзо ќе може повторно да му се врати на професионалниот фудбал, а тренерот Симоне Инзаги и раководството на Интер сметаат дека тој би бил одлично долгорочно решение за чувар на мрежата на „Џузепе Меаца“.
Марота и Аусилио веќе го контактирале агентот на Онана, Алберт Ботинес, и речиси е договорено Интер да склучи преддоговор со голманот во јануари. Онана би дошол на почетокот на следната сезона како слободен агент и би го засилил на голманските позиции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
