
Турскиот првак Бешикташ се обидува да се засили на крајот од преодниот рок, кој трае до 8 септември во Турција. Бешикташ изненади со доведувањето на Миралем Пјаниќ, кој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица од Барселона, а со него е и Мичу Батшуаи, кој пристигна од Челси.
Според последните информации од Турција, во Бешикташ би можел да дојде и десниот бек на Баерн Минхен, Буона Сар. Тој пристигна од Олимпик Марсеј минатото лето, но тој навистина не играше, така што заминувањето на позајмица не е нереално.
Буона Сар одигра само 15 натпревари минатата сезона, а јасно е дека нема да биде стартер ниту ќе има значајна минутажа и кај Џулијан Нагелсман. Со Бешикташ би можел да игра во Лигата на шампионите и да се бори за титулата во Турција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
