
Србија го совлада Луксембург со 3-1, а двоен стрелец беше Александар Митровиќ. Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси го спореди Митровиќ со Дарко Панчев. Вели дека го има неговиот убиствен инстинкт за гол.
„Го имавме еден Дарко Панчев кој беше вистински голгетер во времето кога играв за Звезда, вистинска деветка и јас во Митровиќ ја гледам неговата копија. Немилосрден во шеснаесетникот, страшно чувство за шанса и убиствен инстинкт. Овие се некои карактеристики на расните напаѓачи, головите се очекуваат. Публиката и сите очекуваа Митровиќ да постигне гол, не верувам дека некој помисли дека нема да го погоди. Играв и со Папен во Олимпик Марсеј кој исто така беше голем голгетер, но тој беше поинаку изграден, различен во се. Би рекол дека Митровиќ е сличен со Панчев, кој постигнуваше голови и кога најмалку се очекуваше, тој беше толку подготвен да го реши проблемот во секој момент. Тоа сега го прави Митровиќ“, изјави селекторот на Србија по триумфот над Луксембург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
