Голманот на Евертон, Асмир Беговиќ, жестоко ја критикуваше работата на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, нарекувајќи ги водечките луѓе во фудбалот таму криминалци кои ја претвориле репрезентацијата во „и-беј“.
Беговиќ долги години беше прв голман на репрезентацијата на БиХ, а потоа одеднаш исчезна од списокот во ерата на Роберт Просинечки како селектор.
Така, голманот на Евертон има 61 настап за БиХ до јануари 2018 година, по што бранеше на само два натпревари. Последниот повик во националниот тим го имаше во октомври минатата година.
Репрезентацијата на БиХ синоќа победи со 1-0 против Кувајт во Зеница на пријателски меч, а трибините на „Билино Поље“ беа речиси празни, што го принуди Беговиќ да ја коментира работата на федерацијата.
„Фудбалот во БиХ го водат криминалци. Вицо, Миске, Петев, група на менаџери. Наместо да бидеме тим што ја обединува земјата, станавме страница за „и-беј“ која ги полни џебовите на криминалците. Еве ви”, напиша разочарано Беговиќ.
Correct. Led by criminals. Vico, Miske, Petev, a band of agents. Instead of being a football team uniting a country we have become an eBay page to fill the pockets of criminals. Eto vam…. https://t.co/YYdqLt84UX
— Asmir Begovic (@asmir1) September 4, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal