
Шкендија на официјалната веб-страница објави дека го откажува пријателкиот натпревар против Вардар Форино закажан за утре, што требаше да биде прва контролна средба за тетовци во овој подготвителен период.
„Фудбалската Федерација на Македонија повторно ги разгледа протоколите за тренинзи и за контролни и официјални натпревари, предлагајќи задолжително тестирање на Ковид-19. Поради тоа утрешниот натпревар со Вардар Форино е откажан, а очекуваме останатите четири средби да ги одигра според претходно утврдениот план“, информираат од Шкендија.
Според овој план, Шкендија првиот меч ќе го игра на 16 јули против Гостивар, три дена подоцна на стадионот во Маврово ќе се сретне со Македонија ЃП, за 24 јули останува закажан дуелот со Работнички, а последната контрола во пресрет на стартот на сезоната тетовци ќе ја играат на 1 август во Штип против Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski