Connect with us

Дориев наредните три години член на Шкендија: Дојдов за да освојувам трофеи

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев е големото засилување на Шкендија за новата сезона. Тој треба да биде од голема помош во новото првенство во Првата лига, но и за настапот во квалификациите од Лигата на Европа. 

Дориев потпиша тригодишен договор со тетовскиот клуб, а доаѓа од редовите на Академија Пандев.

„Првпат во кариерата правам ваков голем чекор и ќе играм надвор од Струмица. За мене. Шкендија е најдобриот клуб во Македонија во овој момент. Потписот за мене е голем чекор напред во кариерата и во животот. Дојдов да освојувам трофеи во Македонија и да уживам во успеси во Европа“, изјави Дориев по потписот на договорот со Шкендија.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови