
Фудбалерите на Работнички веќе петти ден во Охрид успешно ја реализираат главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Капитенот на „романтичарите“, Горан Силјановски очекува тимот максимално подготвен да го дочека стартот на шампионатот, низ пријателските натпревар темпирајќи ја формата за новите предизвици.
„Условите во Охрид се прекрасни. Тренираме во пеколно темпо по два пати на ден. Тимската хемија е на завидно ниво и ништо не ни изгледа тешко и невозможно. Полека влегуваме во завршната фаза од подготовките и низ тест средби треба да ја доведеме формата до завидно ниво“ – вели Силјановски за официјалната интернет страница на клубот.
Работнички на првиот тест дуел летово славеше со 2-0 против Пелистер.
„Секоја победа е добра за ветар во грб на екипата, но мене како капитен ме радуваше играта и пристапот во мечот. Во Охрид ќе одиграме уште две контролни средби со Шкендија и со Тиквеш, па ќе имаме уште две можности да видеме до каде сме со подготовките“ – истакнува Силјановски.
Следниот пријателски натпревар на Работнички е во петок против Шкендија, а ден потоа тимот ќе се соочи и со второлигашот Тиквеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
