
Работнички утре гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев во второто коло од Првата фудбалска лига. По триумфот (1-0) над Борец на стартот, тимот на Александар Влахо сака да продолжи во позитивен ритам и на овој натпревар.
Капитенот Кристијан Стојкоски смета дека со колективен дух и максимално залагање Работнички може да ја оствари целта во Струмица.
„Премиерното издание може да не радува, одигравме квалитетен меч против Борец и успеавме да стигнеме до триумф. Сега сакаме да продолжиме во ист ритам на гостувањето во Струмица. Академија Пандев е квалитетен тим, но и ние веруваме во своите способности и доколку одиграме на потребното ниво, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Цела е да освоиме бодови и во Струмица“, вели капитенот Стојкоски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички се игра утревечер (20 часот) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а ќе го суди Владимир Ѓорѓиевски од Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
