Шкупи продолжува со ангажман на интернационални засилувања откако денеска потпиша договор и со фудбалер од Азербејџан. 27-Годишниот Елвин Јунушада е нов член на прволигашот од Чаир, откако овој дефанзивец по настапите за Нефчи, Карабах, Сабаил и за Сабах ја прифати понудата за преселба во Македонија.
„Среќен сум што се договорив за соработка со Шкупи, особено откако на вчерашниот дуел со Шкендија видов дека овој тим го краси одлична атмосфера во екипата. Имам само пофални зборови и за тренерот, кој има одличен карактер и знае како да извлече максимум од фудбалерите. Мислам дека сите заедно со напорна работа можеме да бидеме кандидати за титулата“, изјави Јунушада по потписот на договорот.
Шкупи во првото овосезонско коло ремизираше со Шкендија, 2-2, во меч во кој скопскиот прволигаш на полувреме имаше предност од 2-0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski